Не користете го уредот во близина на други електронски уреди, Македонски

Samsung On-Ear Headphones

Level On Wireless Headphones EO-PN900BLEGUS EO-PN900BBEGUS EO-PN900BREGUS EO-PN900BWEGUS

Download 718 pages 49.6 Kb View all pages
Page 421
Page screenshot 421
 Внимание

Не користете го уредот во близина на други електронски уреди Внимание

Доколку не се придржувате до безбедносните предупредувања и прописи, може да настанат повреди или оштетување на имотот

Не користете го уредот во близина на други електронски уреди

Повеќето електронски уреди користат радио-фреквентни сигнали. Вашиот уред може да предизвика пречки во работата на другите електронски уреди.

Користењето податочна врска LTE може да предизвика пречки со другите уреди, како што се аудио-опрема и телефони.

Не користете го уредот во болница, во авион, или во автомобилска опрема затоа што може да предизвика пречки во нивната радио- фреквенција

Ако е можно, избегнувајте користење на Вашиот уред во близина од 15 см до пејсмејкер, затоа што уредот може да предизвика пречки во работата на пејсмејкерот.

За да ги доведете до минимум пречките со пејсмејкер, користете го Вашиот уред само на спротивната страна на Вашето тело од пејсмејкерот.

Доколку користите медицинска опрема, контактирајте го производителот на опремата пред да го користите уредот за одредување дали опремата ќе биде под влијание на радио- фреквенцијата емитувана од уредот.

Во авион, користењето електронски уреди може да создаде пречки во електронските навигациски инструменти на авионот. Осигурете се уредот да е исклучен за време на полетување и слетување. По полетување, можете да го користите уредот во режим за летало ако тоа е дозволено од страна на екипажот.

Електронските уреди во Вашиот автомобил може да работат неправилно заради радио-пречки од Вашиот уред. Контактирајте го производителот за повеќе информации.

Македонски

Page 421
Page screenshot 421
Не користете го уредот во близина на други електронски уреди - Samsung